The dreams of the letter “D”

Your eyes are deep

targeting  the mirror

having a walk in front of the panorama of memories

dreams above the abilities of our sensors

consolation on the wrong side of your lips

hope in the wrong sparkles of the morning sun

weary rainbows not expecting any smile from the sun

only the dreams are breading

and my tamed pride.

***

Ми зборуваш за

Веселбата и Невиноста!

Ми Велиш:

Во моментот кога ја изедов

кобната овошка,

се разделив од неа, за да не ја сретнам

никогаш повеќе.

И ја почнав играта

на лекомисленоста веселба.

Бев како насмеано дете,

кое сака да си игра

со крилјата на пеперутката.

Ти велам тивко:

Зар изворот на честа

го голтна потокот?

Лавиринт

Длабоко во себе

ја слушаш тишината,

што гласно те обзема.

Стоиш скаменет

пред гордата насмевка

на малото дете.

Продолжуваш да гледаш

само во своите почетоци,

само пред себе.

Дрво

Безживотно лежиш
на ова нечисто тло.
Те задушува
оваа нечистотија
што следниот момент
ќе те збуни,
исто како сега.
Прекриен си
со стапки од прашина.
Твојот лик
моли за ништо.

Душа

Силата на сомнежот

те прави

уште понемоќен.

И на својот лик

ти нуди несигурност.

Те загушува

и те смрзнува.

А понекогаш

и вознемирува.

Зошто веруваш во лаги?

Раѓање

Мракот го прекрива денот.

Светлината го обвива небото.

Пораката до вселената

ја праќа белината на отсјајот.

Твоето  раѓање

се претвора во прав,

а правта стана твој создател.

*8*

Таинствената обиколка

лета кон вечноста.

Не е потребно

да си ја продадеш душата,

за да купиш блаженство

измиено од дождот.

Танцот на плачот

безживотно ги покрива соништата,

свртени кон недогледот на очекувањето.

Ѕвездата на утрото

скита по густата магла,

врежана во сликата на љубовта.

Тоа беше се  што сакам да имам.

*7*

Раката на милоста

се закопува себе си,

на значајното место

во светот на душата.

Скиташ со мирис

на густа магла;

животот на среќата

беспомошно скита

по патот на страста.

Плачот полека ти се губи

во длабочината на заборавот.

И ми велиш:

живеам.

*6*

Изгрева во една осаменост

светлината на индивидуалното ЈАС;

како ознака на сопствената радост и среќа,

како жолтозлатната боја на интелегенцијата.

Златото на амбицијата

заповеднички ја претвара славата

во заповед на човечката горделивост.

Сонцето ја содржи

наклонетоста кон универзумот.

*5*

Вдахни ми живот.

Изнајди ги

безначајните ситуации

во мене.

Тешкотијата добива

волшебни својства.

« Older entries